Серија А

Милан ја совлада Аталанта, може да го освои Скудетото уште вечерва! (ВИДЕО)

Милан со 2-0 ја совлада Аталанта и стигна на бод до Скудетото, „росонерите" уште вечерва можат да станат шампиони на Италија доколку Интер киксне на гостувањето кај Каљари.

Скудетото полека му се насмевнува на Милан, избраниците на Пиоли попладнево со 2-0 ја совладаа Аталанта и завршија голема работа.

На „росонерите“ сега им треба само бод во последното коло, а можат да станат шампиони на Италија уште вечерва, доколку Интер киксне на гостувањето кај Каљари.

Резултатот беше отворен по десетина минути игра во второто полувреме, гостите бараа фаул за стартот на Калулу врз Песина, Милан тргна во контра а Леао низ нозете на Мусо донесе 1-0 и огромна радост на Сан Сиро.

Победникот беше решен во 75. минута, Тео Ернандез тргна само од својата половина, сам си направи простор за шут и биеше прецизно по земја за 2-0.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе