Серија А

Милан испадна од топ четири, Торино по 18 години конечно ги победи „росонерите“! (ВИДЕО)

Торино прекина една непријатна низа, за прв пат по 2001, „биковите" слават против Милан во Серија А, Белоти и Беренгер вечерва донесоа големи три бода.

Милан падна дури на позицијата број 6 на табелата откако вечерва загуби на гостувањето кај Торино. „Биковите“ по 18 години ги победија „росонерите“ во Серија А, и триумфот не можеше да дојде во подобар момент. 

Торино со овие три бода ги задрша шансите за висок пласман и местата кои водат во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа во 58. минута преку Белоти од пенал, а победата ја осигура Беренгер десетина минути подоцна.

Претходно во денот, Наполи го испрати Фросиноне на чекор до Серија Б откако славеше со 0-2 на „Бенито Стирпе“. Лацио остана во трката за топ четири пласман откако со 1-2 ја победи Сампдорија на гости.

Киево и Парма одиграа 1-1, а ист беше резултатот и на мечот помеѓу СПАЛ и Џенова.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе