Серија А

Милан им се врати на победите, освои важни три бода против Болоња (ВИДЕО)

Милан со 2-1 ја победи Болоња и освои многу важни три бода со кои останува во игра за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.

Милан во лоша форма влезе во денешниот меч против Болоња но успеа да дојде до посакуваниот триумф.
 
Резултатот го отвори Сусо со убав гол во 37. минута од натпреварот.
 
Во 67. минута Борини дојде до еден отпадок и ја смести топката во мрежата на Болоња за водство на Милан од 2-0.
 
Пет минути подоцна лоша проценка на одбраната на Милан, Дестро се најде осамен во шеснаесетникот и постигна гол за 2-1, Болоња се врати во игра.
 
Во следната минута Пакета направи глупост, еден старт врз него го извади од такт и бурно реагираше кон играчите на Болоња, судијата му покажа жолт картон, тоа дополнително го изнервира па го удри судијата по рака и заработи втор жолт картон и автоматски црвен. Милан остана со играч помалку но успеа да го сочува водството и да дојде до победа.
 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе