Серија А

Милан и Рома со по четири гола за нови победи во Серија А (ВИДЕО)

Второто коло во Серија А е затворено со убедливи победи на Милан и Рома, „росонерите" со 4-1 го совладаа Каљари, „волчицата со 0-4 триумфираше кај Салернитана.

Избраниците на Пиоли вечерва се радуваа на нов триумф, Милан со 4-1 го совлада Каљари на Сан Сиро.

Резултатот го отвори Тонали во 12. минута, фудбалерот од средниот ред прекрасно погоди од слободен удар за 1-0. Водството на домаќините кратко траеше, во 15. минута Жоао Педро го проигра Деиола, кој со глава го матираше Мањан за 1-1.

Сепак, Милан експресно се врати во прдност и тоа со голема доза на среќа. Леао биеше, топката го удри Брахим Диаз во грбот, го промени правецот и заврши во мрежата на гостите за 2-1. Шпанецот одигра клучна улога и во третиот погодок на „росонерите“, во 24. минута од мечот, Диаз повлече по средина и му асистираше на Жиру за 3-1.

Во финишот на првиот дел, еден удар од далечина на Диаз беше блокиран од Стротман со рака, судијата со помош на ВАР покажа на белата точка а Жиру прецизно ја изведе најстрогата казна за 4-1.

Рома одигра фантастично второ полувреме и забележа убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Салернитана. Тимот на Жозе Мурињо доминираше од првата минута, но домаќинот играше бункер кој не беше лесно да се скрши. 

Тоа го направи капитенот Пелегрини, кој по три минути игра во второто полувреме даде гол за водство од 1-0. По овој погодок веќе беше полесно. 

Четир минути подоцна Рома изведен прекасна акција која по асистенција на Мхтарјан, со гол ја заврши Верету за предност од 2-1. 

Во 69. минута Абрахам го даде својот деби погодок за Рома, биеше силно, топката од стативата заврши во мрежата на Белец за 3-0.

Пелегрини ја отвори и ја затвори серијата, тоа го направи во 79. минунта со убаво пласиран удар.

По првит две кола Рома има две победи и гол разлика од 7-1 со која е на второто место на табелата зад градскиот ривал Лацио.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе