Серија А

Милан и Интер запишаа по нови три бода (ВИДЕО)

Речиси идентични победи на Милан и Интер ова коло, росонерите со 2-1 славеа на гостувањето кај Сасуоло, со истиот резултат нивниот сосед беше подобар од Специја. 

По 13 одиграни кола Милан и Интер се на врвот со само еден бод разлика меѓу нив, миланските екипи засега се најдобри во Серија А оваа сезона.
 
Милан фуриозно го почна мечот со Сасуоло, по само 6,2 секуди Рафаел Леао постигна гол за водство од 1-0, тоа беше најбрзиот гол во историјата на Серија А.
 
Три минути подоцна реализираше и Чалханоглу, но ВАР го поништи погодокот поради офсајд. Сепак во 26. минута Салемакерс му донесе водство на Милан од 2-1.
 
Во 89. минута Берарди постигна почесен гол за Сасуоло за конечни 2-1.
 
Интер во 52. минута го скрши отпорот на Специја со гол на Хакими, во 71. минута Лукаку од пенал зголеми на 2-0.
 
Специја во судиското продолжение само го ублажи поразот на 2-1.
 
Џенова со 2-0 загуби на гостувањето кај Беневенто. Пандев во игра влезе во 58. минута од мечот.
 
Удинезе одигра 1-1 кај Каљари, Несторовски во игра влезе во 78. минута.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе