Лига Европа

Милан губеше 2-0 па ја наполни мрежата на Селтик, Тотнем со пресврт до триумф над ЛАСК (ВИДЕО)

Милан го победи Селтик со 4-2 иако имаше негатива од два гола, росонерите се пласираа во следната фаза од Лига Европа, таму оди и Тотнем кој одигра 3-3 на гостувањето кај ЛАСК. 

Мечот на Сан Сиро почна шокантно за Милан, по неполни 15 минути игра веќе губеа со 2-0, Рогиќ и Едуард ги постигнаа головите за Селтик.
 
Чалханоглу во 24. минута со гол од слободен удар намали на 2-1, а две минути подоцна Кастељехо изедначи на 2-2, со тој резултат се замина на одморот.
 
По пет минути игра во второто полувреме Хауге погоди за комплетен пресврт и водство на Милан од 3-2, а Диаз на десетина минути пред крајот ги постави конечните 4-2.
 
Покрај Милан од оваа група пласман во следната фаза обезбеди и Лил кој со 2-1 ја совлада Спарта Прага.
 
Шест гола беа постигнати и во Австрија на дуелот меѓу ЛАСК и Тотнем кој заврши 3-3. Мурињо нема да биде задоволен поради трите примени погодоци.
 
Резултатот беше отворен во 42. минута кога Михорл погоди од далечина за 1-0, три минути подоцна Бејл изедначи од пенал.
 
По десет минути игра во второто полувреме Сон погоди за комплетен пресврт и водство на Тотнем, но Егештеин носи нови изедначување на овој меч, 2-2.
 
Во 87. минута Деле Али од пенал погоди за предност на Тотнем од 3-2, но во 93. минута Карамоко со најубавиот гол на денешниот меч ги постави конечните 3-3.
 
Тотнем со овој бод оди во следната фаза, а во последното коло му е потребна победа против Антверпен за освојување на првото место.
 
Белгијците со 3-1 го победија Лудогорец.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе