Одличен бизнис за клубот од Франција

Милан го потврди трансферот на Рафаел Лео, Лил ќе „лапне“ 35 милиони евра

Рафаел Лео е нов фудбалер на Милан, неговиот трансфер официјално беше потврден попладнево, напаѓачот стави потпис на петгодишен договор.

„Росонерите“ донесоа засилување за нападот, на Сан Сиро пристигнува 20 годишниот Рафаел Леао.

„Милан е задоволен што може да соопшти дека постигна договор со Лил за ангажман на Рафаел Лео. Напаѓачот стави потпис на петгодишен договор“ – гласеше известувањето.

Детали не беа откриени, а според пишувањата на медиумите се работи за зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси. Исто така се говори дека Лил ќе добие и 20% од следниот трансфер.

За клубот од Франција ова е одличен бизнис со оглед на тоа дека тие го ангажираа Рафаел Лео пред 12 месеци за без пари. Но Лил може дополнително да настрада, бидејќи напаѓачот беше еден од играчите на Спортинг кои го раскинаа договорот по инцидентот кој се случи во тренинг комплексот на „лавовите“ кога фановите физички нападнаа неколку фудбалери.

Спортинг потоа поднесе тужба и побара оштета од Лил и играчот во висина од 45 милиони евра. Процесот сега е пред Судот за спортска арбитража (ТАС).

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе