Нов трансфер на росонерите

Милан го потврди и трансферот на Бало-Туре

По официјализирањето на трансферот на Оливие Жиру, Милан денеска промовираше уште едно засилување, се работи за Фоде Бало-Туре кој доаѓа од Монако. 

Милан за Бало-Туре на Монако му плати 4,2 милиони евра плус уште 500.000 евра во бонуси.
 
Бало-Туре се очекува да биде замена за Тео Ернандез на левата бековска позиција.
 
„Милан со задоволство може да соопшти перманентен ангажман на Фоде Бало-Туре од Монако. Дефанзивецот потпиша договор со росонерите до 30 јуни 2025 година и ќе го носи дресот со број 5“, стои во соопштението на Милан. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе