Томори денеска ги комплетираше медицинските тестови и стави потпис на договор со Милан.
„Милан со задоволство може да потврди дека го потпиша Томори на позајмица од Челси до крајот на сезоната. Дефанзивецот потпиша договор до 30 јуни 2021, но Милан има опција да го направи трансферот и перманентен“, стои во соопштението на Милан.
Според италијанските медиуми Милан за позајмицата плаќа еден милион евра, и има опција целосно да го откупи за уште 25 милиони евра во летниот преоден рок.