Серија А

Милан го освои Скудетото, 19. титула во Серија А за росонерите

Милан со убедливи 3-0 го победи Сасуоло и го освои своето 19. Скудето, прво по сезоната 2010-2011, со ист резултат Интер ја совлада Сампдорија, но тоа беше само пирова победа за нероазурите. 

Последното коло во Серија А не понуди некоја драма, а за тоа беше заслужен Милан кој брзо и лесно покажа дека нема да киксне на гостувањето кај Сасуоло.
 
Леао направи хет-трик во асистенции, првите две беа за Жиру, а третата за Кеси. Конечните 3-0 беа поставени до 36. минута, а остатокот од мечот беше чиста формалност.
 
Ова е 19. Скудетото за Милан, прво за Стефано Пиоли.
 
Интер со 3-0 ја победи Сампдорија. Еднаш погоди Перишиќ, двапато Кореа во второто полувреме, но овој триумф не значеше многу. Тие ја завршија сезоната на второто место.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе