Малдини и Масара ги засукаа ракавите

Милан го обезбеди првото засилување, се водат преговори и со Марио Манџукиќ

Стефано Пиоли ќе го добие првото засилување во зимскиот преоден рок, се работи за Суалио Меите од Торино, „росонерите" исто така се во преговори и со Марио Манџукиќ.

Проблемите во средниот ред го натераа Милан да реагира брзо и да го обезбеди провото засилување во зимскиот преоден рок. Голем број на извори пренесуваат дека е договорен Суалио Меите од Торино.

26 годишниот Французине ќе пристигне на позајмица со опција во целост да биде купен за вкупно 10 милиони евра. „Росонерите“ се надеваат дека целата процедура ќе биде завршена во скоро време и Стефано Пиоли ќе може да смета на Суаоли Меите за дуелот со Каљари во понеделник.

Раководството на Милан исто така е во преговори Марио Манџукиќ, или поточно со неговиот агент Џовани Бранкини, со кого се остварени два состанока. Клубот од Сан Сиро ја разгледува можноста да го ангажира Хрватот на шестмесечен договор, односно до крајот на сезоната.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе