Серија А

Милан го доби големото дерби против Интер (ВИДЕО)

Милан и Интер одиграа фантастично градско дерби кое го добија росонерите со 3-2, Рафаел Леао и Мајк Мењон беа најзаслужните за победата. 

Пет голови и многу возбудувања на големото миланско дерби, росонерите ги освоија трите бода благодарение на брилијантната партија на Рафел Леао и одбраните на Мајк Мењон.
 
Интер прв поведе, Кореа во 21. минута паметно го пронајде Брозовиќ кој излезе сам пред Мењан и ја смести топката во мрежата на Милан за водство од 1-0.
 
Седум минути подоцна резултатот беше изедначен, Тонали додаде до Леао кој убаво пласираше во мрежата на Хандановиќ за израмнување на 1-1.
 
По девет минути игра во вториот дел, Лео асистираше до Жиру кој даде гол за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1.
 
Шест минути подоцна веќе беше 3-1, Жиру му ја врати асистенцијата на Леао кој постигна втор погодок на мечот.
 
Но, Интер не се предаде во 67. минута Един Џеко постигна гол за 3-2 и ја врати неизвесноста во натпреварот.
 
До крајот на мечот Интер имаше неколку убави шанси за да се спаси од пораз, но Мањан царуваше на голот. Особено убава беше неговата одбрана при еден шут на Чалханоглу.
 
Милан со оваа победа го помина Интер на табелата, во моментов росонерите се први со 11 бодови, Интер е на петтото место со 9, но има уште мечеви од ова коло и табелата ќе се менува.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе