Серија А

Милан 70 минути играше со играч повеќе, едвај ја победи Верона со гол од пенал (ВИДЕО)

„Росонерите" добро се намачија на гостувањето на Бентегоди и покрај тоа што 70 минуги итраа со играч повеќе, Пјонтек со гол од пенал донесе минимална победа од 0-1.

Во претпоследниот натпревар од ова коло во Серија А, Милан со 0-1 триумфираше на гостувањето во Верона. Во меч кој фудбалските љубители останаа разочарани, Пјонтек од пенал донесе три бода.

Степински несмасно стартуваше во 21. минута и со копачка го закачи Мусакио во глава, доби жолт но ВАР ја преиначи одлукаа па напаѓачот на домаќините беше исклучен.

Со играч помалку, Верона се реши за бункер а Милан немаше идеја што да прави во нападот. Иако 70 минути имаа бројчана предност, „росонерите“ не креираа ниту една 100% шанса. Првиот шут во рамките на голот го упатија дури по еден час игра кога Силвестри без проблеми го одбрани ударот на Сусо.

Брзо потоа падна и единствениот погодок на мечот откако по шутот на Чалханоглу, топката го погоди Гинтер во рака. Пјонтек беше сигурен реализатор на најстрогата казна за 0-1.

Полјакот погоди и по втор пат, но голот му беше поништен со помош на ВАР бидејќи голманот на Верона прв ја зграби топката, а напаѓачот со лизгачки старт му ја изби од раце.

И кога само се чекаше судијата да свирне крај, Верона доби шанса да го казни Милан, кој по водството не беше премногу заинтересиран за втор гол. Калабрија го собори Песина, судијата прекршокот го извади навор од шеснаесетникот и покрај тоа што домаќините бараа пенал.

Велосо ја превзеде одговорноста, но биеше лошо и во живиот ѕид, но на одбиената топка налета Лазовиќ, Србинот испрати проектил кој сепак профуче крај стативата.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе