Шампионот на Англија ќе се решава во последното коло, Манчестер Сити сам одлучува и со победа ќе ја одбрани титулата. Ливерпул пак чека услуга од Астон Вила, и многумена се надеваат дека Стевен Џарард ќе може да помогне трофејот да заврши на Енфилд.
Поранешниот „граѓанин“, Мика Ричардс сега открива дека Астон Вила има добар мотив да загуби.
„Стивен Џерард сигурно ќе сака да му ја донесе титулата на Ливерпул во недела но Астон Вила има клаузула во трансферот на Џек Грилиш која им носи дополнителни 15 милиони фунти доколку Манчестер Сити стане шампион, и во овој бизнис, парите се на прво место“ – вели Мика Ричардс.