Српскиот стратег се заблагодари за поддршката

Михајловиќ со видео порака: Сигурен сум дека ќе ја добијам оваа битка (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ нема да биде дел од прославата на 110 годишнината на Болоња, по тој повод играат легендите на овој тим и легендите на Реал Мадрид, но српскиот стратег се обрати преку видео порака. 

Вечерва Болоња слави јубилеј, но таму нема да биде Синиша Михајловиќ кој пред кратко време ја заврши втората фаза од хемотерапијата и сака повеќе време да помине со семејството.
 
„Жал ми е што нема да бидам со вас, но вчера излегов од болница и сакам да поминам малку време со моето семејство. Се надевам дека ме разбирате. Сакам да им се заблагодарам на сите, на навивачите, на клубот, за се што направивте за мене во овој период. Ми дававте сила во овие тешки моменти. Се борам против болеста и сигурен сум дека ми оди добро и ќе ја победам оваа битка благодарение на вас и моето семејство“, изјави Синиша Михајловиќ.
 
Михајловиќ се бори се леукемија која му беше дијагностицирана на 1 јули оваа година.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе