Доби цела страна во „Газета дело Спорт“

Михајловиќ со трогателно писмо се заблагодари за поддршката: Времето за солзи заврши, сега е време за борба

Синиша Михајловиќ преку „Газета дело Спорт" им се заблагодари на сите кои му дале поддршка по вестите дека боледува од леукемија, стратегот вели дека ова му дава дополнителен мотив во тешката битка која го очекува.

Во саботата, „Кориере дело Спорт“ обелодени дека Синиша Михајловиќ е сериозно болен и дека ќе се повлече од кормилото на Болоња. Неколку часа подцона, Србинот се појави на прес и откри дека има леукемија.

Стратегот денеска испрати емотивно писмо, и доби цела страна во „Газета дело Спорт“ да се заблагодари за поддршката која ја добил од сите страни.

„Во животот има моменти кога се борите против тежок противник или се соочувате со проблем кој тешко се решава. Сега искусувам таков момент, но имам среќа, не сум сам во битката. Открив дека има огромна поддршка“ – пишува Синиша Михајловиќ.

„Во последните неколку дена добив огромна поддршка, солидарност и позитивна енергија која ми дава неверојатна, дополнителна, поттик и убеденост дека ќе ја добијам битката со леукемијата“.

„Добив илјадиници пораки. Можам да ве осигурам дека ќе го прочитав сите, една по една. Ова беа неколку тешки денови и се извинувам доколку не ви одговорив и не ви се заблагодарив на сите. Го правам тоа тука, благодарејќи на „Газета дело Спорт“ и претседателот (на Торино) Урбано Каиро, кој ми отстапи простор во неговиот весник“.

„Благодарам на поддршката од претседателите на клубовите во кои бев играч или тренер, како и на оние за кои никогаш не сум работел но и покрај тоа покажаа почит и срдечност“.

„Благодарам до сите мои поранешни соиграчи и противници од времето кога бев фудбалер, играчите кои сум ги тренирал но и оние кои никогаш не играле под мое водство но велат „Форца мистер““.

„Им благодарам на фановите од „моите“ тимови и оние против кои сум играл. Голем дел од нив сигурно ме свиреле и критикувале на теренот, но сега ме охрабруваат и ми пишуваат „не се откажувај Синиша““.

„Им благодарам и на луѓето кои не се од светот на спортот, туку од политиката и шоу бизнисот. Благодарност до целата јавност, луѓето кои не се славини. Од пораките кои пристигнаа од првите луѓе на државата (не ми се верува...) до писмо кое го добив од дета кое нацртало насмевка за мене, сите сте ми важни“.

„Ви благодарам, ви благодарам, ви благодарам. Ме мотивиравте. Солзите завршија, сега е време за борба. Наскоро ќе се видиме, Синиша Михајловиќ“.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе