Утрово ја напушти болницата

Михајловиќ се враќа дома, Србинот заврши со третиот циклус на третмани (ФОТО)

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ утрово ја напушти болницата Сант'Орсола, Србинот се враќа дома откако заврши со третата фаза од хемотерапија.

Пред почетокот на сезоната, Синиша Михајловиќ соопшти лоши вести, стратегот боледува од леукемија. И покрај тешката болест и исцрпувачките третмани, тој реши да продолжи со работата и со дозвола на лекарите, неколку пати седеше на клупата и лично го командуваше својот тим.

Минатиот месец ја предводеше Болоња против Јувентус, дури беше и во карантин со играчите вечерта пред мечот, а два дена подоцна се врати во болница за нова фаза од хемотерапија.

Третиот циклус на третман сега заврши, па Синиша Михајловиќ утрово ја напушти болницата Сант’Орсола и се врати дома. Убавите вести ги сподели неговата сопруга Аријана, која имаше објава инспирарана од песните на Ерос Рамаѕоти и напиша: „Не постои поубава работа... Повторно дома“.

 
 
 
View this post on Instagram

Più bella cosa non c’è .... Back Home

A post shared by Arianna Rapaccioni Mihajlovic (@ariannamihajlovic) onNov 20, 2019 at 4:02am PST

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе