Разговарале пред неколку дена

Михајловиќ откри дека Ибра заминува од Милан и порача: Кон мене се однесува поразлично, опасните луѓе се почитуваат!

Синиша Михајловиќ пред неколку дена разговарал со Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот ќе го напушти Милан и ќе избира помеѓу преселба во Болоња и враќање во Шведска.

Златан Ибрахимовиќ има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната со опција соработката да биде продолжена, и изминативе месеци често се шпекулира за неговата иднина. По отказот кој го доби Звонимир Бобан, и најавите дека заминува и Паоло Малдини, под знак прашалник беше ставена иднина на Швеѓанецот во Милано.

Синиша Михајловиќ во разговор со српските медиуми сега открива дека напаѓачот го напушта Милан и ќе избира помеѓу преселба во Болоња и враќање во Шведска.

„Ми се јави пред неколку дена, ќе видиме каква одлука ќе донесе. Сигурно нема да остане во Милан, или ќе дојде кај мене или ќе се врати во Шведска“ – вели тренерот на Болоња.

За време на карантинот во Италија, Златан Ибрахимовиќ се врати во Шведска и тренираше со Хамарби, клуб во кој од неодамна поседува 25% од акциите.

Болоња се посочуваше како можна дестинацијa и пред да се врати во Милан, „Стадио Ренато“ беше опција за Златан Ибрахимовиќ поради добриот однос со Синиша Михајловиќ.

„Ибра кон мене се однесува поинаку во споредба со останатите, внимава што зборува и што прави. Ние опасните луѓе се почитуваме!“.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе