Инцидент од дуелот помеѓу Јувентус и Интер

Михајловиќ: Нашето пријателство со Ибрахимовиќ почна кога ме удри со глава

Синиша Михајловиќ откри како започнало пријателството со Златан Ибрахимовиќ, двајцата се спречкале на натпревар помеѓу Јувентус и Интер а Швеѓанецот го удрил Србинот со глава.

Златан Ибрахимовиќ оваа недела има поинаква улога, тој е водител на популарниот фестивал Санремо. Синоќа на сцената му се придружи и Синиша Михајловиќ, кој раскажа како двајцата станале добри пројатели.

„Нашето пријателство со Ибрахимовиќ почна кога ме удри со глава“ - рече тренерот на Болоња за инцидент од натпревар помеѓу Јувентус и Интер, кога Швеѓанецот доби црвен.

„На Ибра не треба да му се заканувате, треба да го испровоцирате, само така можете да го извадите од кожа. Беше толку многу лут што ме удри со глава и заработи црвен картон. Кога се пресели во Интер, сакав да му ја вратам услугата, ние така покажуваме пријателство“.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе