Полицијата го спречи во намерата

Михајловиќ доби расистички навреди од навивачи на Лацио па без размислување тргна да се тепа! (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ синоќа имаше непријатно искуство на пат кон Олимпико и финалето од Купот на Италија, Срибинот сакаше да се пресмета со навивачи на Лацио откако доби расистички навреди.

Полицијата во Рим вчера имаше полни раце работа откако ултрас навивачите на Лацио дивееја низ улиците пред почетокот на финалето во Купот на Италија.

Тие дури требаше да интервенираат и да спречат тепачка помеѓу фанови на Лацио и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Србинот, кој е поранешен член на „бјанкочелестите“, беше на пат кон стадионот, кога навивач му дофрли „zingaro“ (расистичка навреда и термин кој на италијански значи циган).

Па Синиша Михајловиќ уште еднаш демонстрираше дека има краток фитиљ и без размислување тргна да се пресмета. Полицијата сепак брзо реагираше и не дозволи поголем инцидент. Сето ова се случуваше пред камерите на Раи.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе