Квалификации за СП 2022

Мхитарјан: Во Скопје дојдовме за да ја победиме Македонија

Ѕвездата на ерменската репрезентација, Хенрик Мхтарјан е оптимист пред утрешниот натпревар против Македонија, вели дека тие се дојде во Скопје да ги освојат сите три бода. 

Фудбалерот на Рома, Хенрик Мхитарјан се враќа во ерменската репрезентација токму за мечот против Македонија.
 
„Моите соиграчи направија голема работа и одиграа одлични мечеви победувајќи на три од трите меча и сега одиме само на победа. Дојдовме за да победиме и за нас овој меч е исклучително важен. Ќе дадеме сѐ за да победиме, знаеме колку е важен за нас. Имаме големи шанси и во моментов фокусирани сме само на овој меч“, вели Мхитарјан.
 
Мхитарјан смета дека на Македонија ќе ѝ недостасува Горан Пандев.
 
„Пандев е легенда на македонскиот фудбал и беше многу важен за македонската селекција. Сигурен сум дека многу ќе ѝ недостига, јас му посакувам среќа во понатамошниот дел од клупската кариера, а каква ќе биде разликата со и без него, тешко е да се каже, може за тоа да зборуваме после мечот“.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе