четврток, 18 април 2024

Ѓорческа елиминирана во осминафиналето во Копер

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно не најде решение за расположената Дебора Кјеза и загуби во два сета со 4-6 и 4-6 и го заврши настапот на турнирот во Копер, Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанката го нападна сервисот на Ѓорческа уште на стартот на мечот, но не искористи брејк-шанса. Сепак, во деветтиот гем не ја пропушти втората шанса, а потоа сервираше успешно за 6-4.

Ѓорческа во вториот сет сервираше лошо, а тоа го искористи Италијанката за да направи два брејка и да поведе со 5-2, но потоа македонската тенисерка освои два гема по ред и намали на 4-5, меѓутоа немаше сила да направи уште еден брејк и да остане во игра (4-6).

Ова е втор пораз по ред на Ѓорческа од Кјеза, откако претходно загуби во Аламинос, Кипар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ