Ерменцот од дома ќе го гледа големиот натпревар

Мхитарјан испрати порака по одлуката да не патува со Арсенал во Баку и да го пропушти финалето од ЛЕ (ФОТО)

Хенрих Мхитарјан вели дека боли тоа што нема да може да се појави во финалето од Лига Европа и да им помогне на соиграчите да стигнат до трофејот од најмасовното европско натпреварување.

Фудбалерот во својата кариера прескокна неколку натпревари во Азербејџан поради конфликтот на оваа земја со неговата Ерменија. Но со оглед на тоа што Хенрих Мхитарјан сега треба да игра финале и да се бори за трофеј, од УЕФА најавија дека ќе направат се за играчот да се појави во Баку.

И покрај тоа што имаше најави дека ќе биде гарантирана безбедноста на фудбалерот, Арсенал попладнево соопшти дека Ерменецот нема да биде дел од спектаклот и пресметката со Челси.

По ваквите вести, на социјалните мрежи се огласи самиот Хенрих Мхитарјан, кој призна дека боли одлуката да не патува со тимот.

„Не ви се укажуваат многу прилики да играте на вакви натпревари и морам да признам, боли тоа што ќе го пропуштам финалето. Ќе ги бодрам моите соиграчи, ајде да го донесеме трофејот дома!“– напиша популарниот Мики на Твитер и постираше слика со пехарот во Лига Европа до кој стигна со Манчестер јунајтед во сезоната 2016/17.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе