Трансфер во последниот ден од преодниот рок

Мхитаријан пристигна во Рим, од Арсенал се сели во Рома (ВИДЕО)

Хенрих Мхитарјан во следната сезона ќе настапува за Рома како позајмен играч од Арсенал со опција да биде комплетно откупен.

Денес е последниот ден од преодниот рок, а еден од трансферите кои ќе се случат ќе биде и тој на Мхитарјан од Арсенал во Рома.
 
Фудбалерот отринава пристигна во Рим, треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со италијанскиот клуб.
 
Според информациите на италијанските медиуми, тој во Рома оди како позајмен играч со опција комплетно да биде откупен по крајот на сезоната.
 
Во текот на денот Рома ќе го објави и трансферот на Никола Калиниќ кој доаѓа од Атлетико Мадрид на позајмица со опција да биде откупен за 10 милиони евра по крајот на сезоната.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе