ЕХФ ги потврди учесниците

Металург и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите!

Македонија и следната сезона ќе има две екипи во Лигата на шампионите, за Вардар немаше дилеми дека ќе игра, добрата вест е што и Металург повторно доби вајлд карта.

ЕХФ ги потврди 16 екипи кои ќе играат во А и Б групата од Лигата на шампионите и 12 екипи кои ќе се натпреваруваат во групите Ц и Д.
 
Системот на натпреварување за следната сезона останува ист како и претходните, посилните екипи се сместени во првите две групи, во вторите две се екипите со послаб рејтинг, но токму од таму излезе последниот шампион на Европа, Монпелје.
 
Беа пријавени вкупно 34 екипи, ЕХФ требаше да отфрли шест, па висеше местото на Металург, сепак македонскиот тим не се најде меѓу одбиените екипи, па и следната сезона ќе ја претставува Македонија во најквалитетното натпреварување.
 
Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи во петок на 29 јуни во 12:30 во Виена.
 
Учесници во Лигата на шампионите за сезоната 2018/19
 
Групи А и Б
 
ПСЖ (Франција)
Вардар (Македонија)
Кјелце (Полска)
Пик Сегед (Унгарија)
Фленсбург (Германија)
Барселона (Шпанија)
Скјерн (Данска)
Загреб (Хрватска)
Мешков Брест (Белорусија)
Мотор (Украина)
Кристијанштад (Шведска)
Целје (Словенија)
Рајн Некар (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Нант (Франција)
Монпелје (Франција)
 
Групи Ц и Д
 
Адемар Леон (Шпанија)
Спортинг Лисабон (Португалија)
Елверум (Норвешка)
Бешикташ (Турција)
Вакер Тун (Швајцарија)
Чеховски Медведи (Русија)
Динамо Букурешт (Романија)
Татран Прешов (Словачка)
Кокс (Финска)
Висла Плок (Полска)
Бјерингбро Силкеборг (Данска)
Металург (Македонија) 

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе