Лига на шампиони

Месиас кој до пред три години разнесуваше фрижидери, сега е херој на Милан: Ми се плачеше, ова е чиста емоција!

Милан дојде до големи три бода од гостувањето кај Атлетико Мадрид, а победата ја донесе 30-годишниот Бразилец, Жуниор Месиас.

Приказната за Месиас е неверојатно, Милан го купи поради одличната статистика, но тој никогаш претходно не играл во елитна лига, ниту во европско натпреварување.

Минатата сезона играше за Кротоне, а до 28 години настапуваше во аматерски екипи, а за да преживее работел паралелно и во компанија за разнесување фрижидери, машни за перење и друга бела техника.

Поради повреди дури денеска беше неговиот прв меч за Милан во Лигата на шампионите, влезе во текот на второто полувреме, а во финишот постигна гол за победа.

„Се почувствував како да плачам, сето тоа што сум го искусил во животот ми помина низ глава. Чиста емоција. Бог ми ја испишува сета моја историја“, вели Месиас.

„Ова е мојата најдобра ноќ во животот, се надевам дека ќе имам и други вечери како оваа“.

„Многу сум среќен, особено поради победата. Дебитирав по тежок период, имав две повреди во серија и ова беше важен меч, се уште сме живи и ќе се бориме до крај“.

„Мораме да останеме приземјени, против Ливерпул ќе биде тешко, но мораме да го направиме тоа што го правевме денес, да ја играме нашата игра. Игравме многу добро од првата до последната минута“.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе