Ла Лига

Меси заборави да дава голови на „Ел класико“, Реал си замина со триумф од Камп Ноу (ВИДЕО)

Реал Мадрид е победник во првото класико оваа сезона, кралевите со 3-1 триумфираа на Камп Ноу против Барселона иако во мечот влегоаа по два тешки порази.

Реал Мадрид со два тешки порази влезе во првото класико оваа сезона, но со победа си замина од Камп Ноу.

Мечот меѓу Барселона и Реал Мадрид почна фуриозно. По само пет минути игра кралскиот клуб поведе со гол на Валверде, но три минути подоцна Фати изедначи на 1-1.

Потоа мечот имаше мирен тек иако и двете екипи имаа свои шанси, особено во вториот дел од натпреварот.

Во 61. минута Реал Мадрид доби пенал со помош на ВАР. Ленгле го повлече за дрес Рамос во шеснаесетникот, судиите во ВАР собата проценија дека тоа е доволно за пенал. Рамос ја реалираше шансата за водство на Реал од 2-1.

Барса јалово се обидуваше да дојде до израмнување, откако не успеаа во тоа, Лука Модриќ погоди во судиското продолжение за победа од 3-1 на Реал Мадрид и голема радост на гостите, кои со овој триумф се искачија на првото место на табелата во Примера.

Лео Меси пак ја продолжи лошата форма во пресметките со Реал Мадрид, Аргентинецот нема гол на „Ел класико“ веќе на шест натпревари во низа.

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе