Аргентнецот е избран за најдобар во 2019

Меси за историја, прв играч со ШЕСТ трофеи „Златна топка“ (ВИДЕО)

Лео Меси испиша нова историја, Аргентинецот вечерва го доби признанието од Франс Фудбал за најдобар во 2019 и стана првиот играч со шест трофеи „Златна топка".

Најавите се остварија, Лео Меси го доби трофејот „Златна топка“. Аргентинецот до ова признание на Франс Фудбал стигна пред Вирџил ван Дајк, Садио Мане и Кристијано Роналдо.

Фудбалерот на Барселона сега е осамен на врвот и прв играч во историјата кој може да се пофали дека шест пати ја подигнал оваа награда.

„Сакам да им се заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене и на моите колеги. Пред десет години ја добив првата „Златна топка“, дојдов со моите тројца браќа, имав 22 години и сето тоа беше незамисливо. 10 години подоцна ја добивм шестата „Златна топка“, времето сега е друго, тука сум со сопругата и три деца. Никогаш не престанав да сонувам, и понатаму да сакам да растам, да се подобрувам секој ден и да уживам во фудбалот. Му благодарам на Бог што можам да го правам она што го сакам и се надевам дека ќе имам уште многу години за уживање. Свесен сум колку години имам и морам да уживам во овие моменти бидејќи се ближи денот кога ќе се повлечам“ – рече Меси од бината.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе