„Ел Мундо“ открива нов дел од договорот на Меси

Меси во јули ќе добие 39 милиони евра бонус од Барселона, дури и ако си замине

„Ел Мундо“ кој го откри големиот договор на Меси со Барселона, сега го открива и вториот дел според кој Каталонците ќе мора на Аргентинецот да му сплатат и бонус за лојалност.

„Ел Мундо“ го извади и вториот дел од мултимилионскиот договор на Меси со Барселона потпишан во 2017 година.

Синоќа весникот откри дека од потпишувањето на договорот до неговиот крај, Меси ќе добие повеќе од 555 милиони евра. А сега тврди дека Барселона ќе треба да му плати на Меси и бонус од 39 милиони евра.

Оваа сума Меси треба да ја добие како уште еден бонус за лојалност, а треба да биде исплатена на 15 јули кога договорот меѓу двете страни ќе заврши.

Неважно е дали Меси ќе остане или ќе ја напушти Барселона, клубот мора да му ја даде и оваа сума.

Некои сметаат дека примањата на Меси се безобразно високи, особено во време на пандемија, но според други Аргентинецот го заслужува секое евро бидејќи тој на Барселона и носи поголема заработка отколку што тие му плаќаат, тие ги имаат неговите имиџ права.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе