КУп на Шпанија

Меси стигна до 500 победи како играч на Барселона, „каталонците“ со пет гола во мрежата на Леганес (ВИДЕО)

Барселона се пласираше во четвртфинале на Копа дел Реј, Лео Меси стрелаше два пати против Леганес и стигна до 500 победи во дресот на „каталонците".

Кике Сетиен како да не сакаше ништо да ризикува по неубедливата победа над Ибица и поразот од Валенсија, па вечерва со сите сили му се спротивстави на Леганес во осминафиналето.

Барселона доминираше на теренот и на крајот славеше со убедливи 5-0. Резултатот беше отворен по само четири минути, Гризман реализираше на асистенција на Семедо за 1-0. На полувреме домаќините заминаа со два гола позитива, Ленгле погоди по еден корнер за 2-0.

Меси со голема доза на среќа донесе 3-0 по еден час игра, Аргентинецот биеше, топката закачи еден гостински дефанзивец и заврши во мрежата. Артур зголеми на 4-0 во 77. минута, а во последните мигови од мечот Меси го постави својот втор гол и ги постави конечните 5-0.

Со овој триумф, Лео Меси стигна до бројката од 500 победи во дресот на „каталонците“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе