Изминативе денови имаше многу гласини за тензија помеѓу раководството на Барселона и играчите, причина беа финасиите, односно намерата на Жозеп Мариа Бартомеу да ги намали платите.
Се говореше дека фудбалерите, или поточно четворицата капитени (Лео Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пикер и Серхио Роберто) не ги прифаќале предлогот кој им бил понуден. Барселона сака да ја примени мерката ЕРТЕ, која предвидува во време на вонредна состојбо, да се намалат платите за 70%.
По многу шпекулации, Лео Меси се огласи попладнево. Аргентинецот на социјалните мрежи објави соопштение во кое се вели дека сите играчи прифатиле 70% помала месечна плата.
Првата ѕвезда на тимот исто така пренесе дека тие од свој џеб ќе дадат допринос за останатите вработени од клубот да земат цела плата, со оглед на тоа дека мерката ЕРТЕ се однесува на сите, не само на фудбалерите.
View this post on Instagram