Девет години се бореа за исти трофеи и награди

Меси си ја отвори душата: Ми недостасува Роналдо, такво здраво ривалство ретко се гледа

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси вели дека трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус имал влијание врз Реал Мадрид, цела Ла Лига па дури и врз него.

Аргентинецот дeвет години се натпреваруваше рамо до рамо со Португалецот во Ла Лига, но ЦР7 минатото лето реши да започне нова авантура и се пресели во Јувентус.

„Беше убаво да се биде со Кристијано во исто првенство, тој го направи Реал посилен. На стартот од сезоната кажав дека во Мадрид ќе се почувствува неговото отстсусво, некои луѓе се налутија, но тоа е вистината, како може да не ви недостасува играч кој постигнува 50 погодока по сезона? Роналдо ќе му недостасува на било кој клуб. Секако, и недостасува и на Ла Лига, бидејќи најдобрите играчи го прават првенството поконкурентно. Вистина е дека неговото присуство беше добро и за мене, постојано гледавме што прави другиот, се мотивиравме и се обидувавме да се подобриме секоја година. Такво здраво ривалство ретко се гледа“ – вели Меси.

„Не се познавам со Роналдо, се среќаваме само на натпревари и доделување награди, но секогаш имало добри вибрации. Не сме пријатели и немаме никаков однос бидејќи не се познаваме, но секогаш кога ќе сме се сретнеле сме разговарале“.

Во последните неколку дена, се почесто се шпекулира за спектакуларен трансфер и враќње на Нејмар на Камп Ноу.

„Нејмар е феномен, продолживме да комуницираме. Дури имаме и Ватсап група во која сме јас, тој и Суарез. Групата ни се вика „los tres sudacas“ (sudacas е навредлив збор кој Шпанците го користат за луѓето од Јужна Америка) или така нешто“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе