Аргентинецот е без договор

Меси секој ден губи по 100.000 евра

Лео Меси веќе десет дена е без договор откако обврските кон Барселона му завршија на 30. јуни, Аргентинецот поради ова губи пари и до сега е покус за 1 милион евра.

Од 1. јули, за прв пат во сојата кариера, Лео Меси е без клуб. Договорот на напаѓачот со Барселона заврши, никако да пристигне абер за нова соработка, ниту пак дека Аргентинецот се сели во друг клуб.

И додека се чекаат вести за иднината на Лео Меси, фудбалерот губи многу пари. Л’Екип направи свои пресметки и објави дека Аргентинецог секој ден губи по 100.000 евра.

Пресметките се базираат на претпоставката дека Лео Меси ќе прифати драстично намалување на платата за да остане на Камп Ноу и ќе се сложи на двојно помали примања од она што го заработуваше во изминатите четири години, односно нешто над 74 милиони евра нето по сезона.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе