Најлошиот момент на Лео во репрезентацијата на Аргентина

„Меси седеше сам и плачеше како дете кое ја загубило својата мајка“

Поранешниот фитнес тренер на Аргентина и Барселона, Елвио Паолоросо го открива најлошиот момент на Лео Меси во дресот на „Гаучосите", фудбалерот плачел како дете по второто загубено финале на Копа Америка.

Во јуни 2016 на програмата беше јубилејното издание на Копа Америка наречено Сентенарио, а во финалето се сретнаа Чиле и Аргентина. Мечот заврши нерешено па пеналите го донесоа победникот а таму „Ла Роха“ беше поуспешна и се радуваше на трофејот.

Лео Меси беше голем трагичар откако го промаши својот удар од 11 метри, и овој момент веројатно е најлошиот во дресот на „Гаучосите“.

„По поразот во финалето на Копа Америка имаше многу болни и скршени лица во соблекувалната“ – открива Елвио Паолоросо, кој беше фитнес тренер на Тата Мартино во репрезентацијата на Аргентина и Барселона.

„Но најлошото следуваше подоцна. Околу 2 часот наутро, се вратив во една од помошните простории и го начекав Лео Меси како седим сам и плаче како дете кое ја загубило својата мајка“.

„Беше избезумен и никој не можеше да го утеши. Го прегрнав и почнавме заедно да плачеме“.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе