Веста за смртта на Диего Марадона ја потресе Аргентина и светот на фудбалот, пораки стигнуваат од сите страни. На социјалните мрежи сега се огласи и Лео Меси, според многумина, тој требаше да биде наследник на Диего Марадона и да ги донесе „гаучосите“ до нов триумф на светските првенства.
„Ова е многу тажен ден за Аргентинците и фудбалот. Тој нè напушти нас, но не замина, бидејќи Диего е вечен. Ги чувам сите убави спомени со него и сакам да ја искористам оваа прилика да испратам сочувство до неговото семејство и пријателите. Почивај во мир“ – напиша фудбалерот на Барселона.
Un día muy triste para todos los argentinos y para el fútbol. Nos deja pero no se va, porque el Diego es eterno. Me...
Posted by Leo Messi on Wednesday, November 25, 2020