Аргентинецот не го преболел поразот од Ливерпул

Меси се појави на прес по четири години и побара прошка од фановите: Бевме бедни на Енфилд, не смееше да ни се случи тоа!

Лео Меси за прв пат по 2015 година имаше средба со медиумите, Аргентинецот откри дека се уште го боли елиминацијата од Лигата на шампионите и побара прошка од навивачите за изданието против Ливерпул.

Барселона утре се среќава со Валенсија во финалето од Копа дел Реј, па денеска беа редовните средби со медиумите. На прес конференцијаа се појавија Лео Меси и Жерард Пике, за Аргентинецот ова беше прва средба со новинарите по 2015, па сосема јасно целото внимание беше насочено кон него и тој доби 18 прашања, додека пак дефанзивецот само три.

Лео Меси откри дека се уште го боли поразот од Ливерпул и елиминацијата од Лигата на шампионите, му даде поддршка на тренерот Ернесто Валверде и порача дека во ниту еден момент не помислил на заминување од Камп Ноу.

„Поразот од Ливерпул беше голем удар за мене и сите во соблекувалната, ни беше тешко да се опоравиме, мислам дека го видовте тоа на следниот натпревар што требаше да го играме. Но сега имаме финале, играме за нов трофеј и можноста да ја освоиме двојната титула. Мораме да ја финишираме сезоната добро. Исто како и на во секое финале во кое играме, го сакаме трофејот и мораме да победиме“ – вели Лео Меси.

„Бевме бедни на Енфилд, елиминацијата од Лигата на шампионите ќе остави голема дамка на сезоната. Може да ни се случи еднаш (против Рома минатата огдина), но не смее истото да ни се повтори две години по ред“.

По поразот од Ливерпул, многумина прстот го вперија кон тренерот Ернесто Валверде и се говореше дека стратегот може да добие отказ.

„Не прочитав се што се пишуваше, видов дека тренерот е критикуван, но мислам дека тој добро си ја врши работата откако пристигна тука. Тешко дека може да му се замери за нешто за дуелот со Ливерпул, ние играчите сме виновни. Не смеевме да дозволиме тоа што ни се случи против Рома да ни се повтори против Ливерпул. Да, може тренерот да сноси одредена вина, но најголемиот дел од вината ја сносниме ние“.

„Би сакал тој да продолжи. Можете да го сакате или не, но тој лани ни ја донесе двојната титула и сега се бориме за уште една двојна титула“.

Запрашан за можноста да ја освои „Златната топка“, Лео Меси вели: „Искрено не мислам на ова. Се уше се опоравувам од она што ни се случи во Ливерпул. Воопшто не мислам на лични награди во овој момент“.

Пред почетокот на сезоната, Лео Меси најави дека ќе го врати трофејот од Лигата на шампионите, па сега беше запрашан и за овие коментари.

„Не ветив дека ќе го вратам трофејот од ЛШ, ветив дка ќе го дадам максимумот за да го вратам. И сега теба да побараме прошка од фановите, не поради поразот, туку поради тоа што не се боревме“.

Во дреост на Аргентина тој загуби неколку финалиња ибеше на прагот од повлекување од репрезентацијата, па беше запрашан дали поразите од Рома и Ливерпул го натерали да мисли за заминвуање од Барселона.

„Неколку пати бев разочаран со Аргентина, но и покрај тоа, се уште играм се уште се обидувам да донесам успех. Елиминацијата не ме натера да размислувам за заминување“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе