Ла Лига

Меси се погрижи за славје, Аргентинецот влезе од клупата и ја донесе титулата број 26 за Барса во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона се радува на нова титула во Ла Лига, вкупно 26-та, Лео Меси влезе од клупата за резерви и го постигна единствениот погодок во победата од 1-0 над Леванте.

Откако Атлетико Мадрид славеше во пресметките со Валенсија и Ваљадолид, Барселона вечерва мораше сама да ја доврши работата за овој викенд да стигне до насловот шампион на Шпанија. 

Леванте одолеваше еден час на Камп Ноу, но Лео Меси, кој влезе од клупата на стартот од вториот дел, одлично се снајде во 62. минута и ја затресе мрежата на гостите за 1-0.

Леванте не се предаде и се обиде да го откаже славјето, гостите имаа неколку одлични шанси, но Тер Штеген беше извонреден на голот, а и стативата му беше сојузник во последните мигови од голот. 

Па на крајот Барселона се радува на 26-та титула во Ла Лига.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе