Аргентинецот си ја отвори душата

Меси проговори за најлошиот момент во кариерата кога дури размислувал и за заминување: Ми беше преку глава од сè

Лео Меси откри дека во сезоната 2013/14 го искусил најлошиот момент во кариерата, поради проблемите со даночните власти и обвинувањата дека затаил данок, тој размислувал за заминување од Камп Ноу.

Пред неколку години се шпекулираше дека Манчестер Сити по наредба на Пеп Гвардиола е сериозно заинтересиран за ангажман на Лео Меси, се говореше за суми од кои боли глава, но Аргентинецот остана верен на Барселона.

Во разговор со РАЦ1, напаѓачот сега откри дека во 2013 и 2014 година, кога беше обвинет за затајување данок и постоеше можност да заврши зад решетки (на крајот доби казна помала од 2 години и куртули затвор) размислувал за заминување.

„Најлош момент во мојата кариера е периодот 2013/14, се собраа многу работи, бев повреден, го имав и проблемот со даночните власти...“ - вели Лео Меси.

„Во тоа време, кога беа сите тие обвинувања за затајување данок, на ум имав да заминам, не поради тоа што сакав да си одам од Барселона, туку поради тоа што сакав да ја напуштам Шпанија. Сметав дека лошо се однесуваат кон мене и повеќе не сакав да останам тука. Не добив официјална понуда за заминување бидејќи сите знаат дека мојата идеа е да ја завршам кариерата во Барса“.

„Тоа беа тешки времиња. Ми беше преку глава од сите епизоди кои се случија, не му беше лесно и на моето семејство, за среќа моите деца беа мали и не разбираа што случува“.

Запрашан за неговата иднина, и дали има преговори за нов договор, тој додава: „Денеска ако ме прашате, мојата идеа е да се пензионирам тука. Пред се поради тоа каков е мојот статус во клубот, како се чувствувам во клубот а втората причина е моето семејство, бидејќи на сите им е убаво во градот. Исто така имам многу добри пријателства кои не сакам да ги прекинам“. 

„Што се однесува до преговорите за нов договор, мојот татко е задолжен за ова. Но колку што јас знам, во моментов нема ништо. Но мојата идеа не се променила таа е иста како и секогаш, сакам да останам“.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе