Сега или никогаш

Меси потврди: Катар е моето последно Светско првенство

Лео Меси потврди дека Светското првенство во Катар ќе биде негово последно во кариерата, тоа значи и последна шанса за освојување на Мундијалот. 

Светското првенство во Катар ќе биде посебно за Лео Меси, бидејќи ќе биде негов последен настап на Мундијалите. Таму ќе биде последната негова шанса да го крене големиот пехар. Аргентина има одличен состав и е во голема форма, но голема е и конкуренцијата.
 
„Дали ова ќе биде моето последно Светско првенство? Да, сигурно да, сигурно да“, потврди Меси за „Стар+“,
 
„Ги бројам деновите до Светското првенство, вистина е тоа, чувствувам мала анксиозност чекајќи ги да почне и нервоза од тоа како ќе помине, што ќе се случува бидејќи ми е последно“.
 
„Ние сме во многу добра форма, се наоѓаме во силна група, но на Светско првенство се може да се случи. Сите натпревари се тешки, затоа Светското првенство е толку посебно бидејќи фаворитите не се тие кои секогаш освојуваат или не го имаат патот кој го очекуваат“.
 
„Не знам дали сме големи кандидати за трофејот, но историски гледано Аргентина секогаш е кандидат. Во Катар мислам дека има други репрезентации кои се пред нас“.
 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе