Вечер на Меси

Меси постигна хет-трик, го сруши рекордот на Пеле, па со солзи го славеше трофејот од Копа Америка со фановите (ВИДЕО)

Аргентина со 3-0 ја победи Боливија, а главна ѕвезда на вечерта беше Лионел Меси кој имаше брилијантен меч.

Меси ги постигна сите три гола на мечот, имаше вистинско шоу. Тој дојде до бројката од 79. голови за репрезентацијата со што го надмина рекордот на Пеле и стана најдобриот стрелец во историјата во Јужна Америка во репрезентативниот фудбал.

Ова беше прв натпревар за Аргентина со фанови по освојувањето на Копа Америка летово. Аргентинците го славеа трофејот со своите навивачи, а емоциите кај Меси беа посебни.

„Навистина сакав да го доживеам ова. Чекав долго време за ова. Сонував за тоа. Беше посебен момент според начинот на кој се случи по толку чекање“, вели Меси за освоената титула од Копа Америка и тоа на бразилско тло.

„Нема подобар начин да се прослави од овој, тука. Мојата мајка, моте браќа се на трибините... Тие страдаа многу и денеска тука слават. Многу сум среќен“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе