Многумина сонуваат за ваков трансфер

„Меси покрај Роналдо ќе биде за паметење, Јувентус веднаш ќе си ја врати инвестицијата!“

Поранешниот фудбалер на Барселона и легенда на Бразил, Ривалдо ги прокоментира гласините за заминување на Меси од Камп Ноу, вели дека трансфер во Јувентус и настап покрај Лео Меси ќе биде светски бум.

Доцна синоќа беше објавено дека Лео Меси ги стопирал преговорите со Барселона за нов договор и Аргентинецот планира да го напушти клубот во 2021 година.

Гласините за заминување на Лео Меси од Камп Ноу ги прокоментира Ривалдо, кој смета дека соработка со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити ќе биде примамлива опција.

Поранешниот фудбалер на Барселона и легенда на Бразил исто така додава дека многумина би сакале да го видат Лео Меси покрај Кристијано Роналдо во Јувентус, и една ваква зделка ќе биде светски бум.

„Тој има уште една година од договорот, па може да има вистина во гласините за заминување од Барса. Но како што секогаш велав, се надевам дека ќе ја заврши кариерата во Барселона. Доколку размислува за заминување, веројатно нешто се случило во соблекувалната, или пак е заморен од константните проблеми кои го опкружуваат клубот во последните месеци“ - вели Ривалдо за Бетфер.

„Кога ќе му заврши договорот, Меси ќе има 34 години но со неговата класа, со леснотија може да игра во Премиерлигата. И покрај неговата приврзаност кон Барса, има право да замине и сигурен сум дека ќе биде привлечен од идејата да соработува повторно со Пеп Гвардиола, овој пат во Манчестер Сити. Двајцата формираа одлично партнерство во Барса“.

„Исто така верувам дека многу агенти сонуваат за можноста Меси да заигра покрај Роналдо во Јувентус. Тоа ќе биде светски бум, Јувентус брзо ќе си ја врати инвестицијата. Ќе биде за паметење да се видат двајцата еден покрај друг на теренот, и сигурен сум дека многу спонзори на Јувентус со задоволство ќе помогнат финансиски за реализирање на една ваква зделка“.

„Секако, доколку Меси реши да замине од Барса, секој клуб ќе крои планови како да го ангажира. Но да ги видиме најдобрите двајца фудбалери во последните 10 години како играат заедно, тоа ќе биде огромна работа“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе