Аргентинецот стави крај на сите дилеми

Меси: Останувам во Барселона, сакам да заминам но клубот не ме пушта

Лео Меси конечно излезе во јавноста со своја изјава, во големо интервју за goal.com кажа што мисли, а најважното е дека и следната сезона ќе игра во Барселона. 

Меси останува во Барселона, Аргентинецот и следната сезона ќе игра за каталонскиот клуб, но не дека сака, туку дека клубот не го пушта.
 
„Бев сигурен дека сум слободен да си заминам, претседателот секогаш ми велеше дека по крајот на сезоната можам да одлучам дали ќе останам или не“, вели Меси.
 
„Сега се држат за фактот дека не сум кажал пред 10 јуни, а на 10 јуни се уште се натпреварувавме во Ла Лига поради коронавирусот, сезоната се уште траеше“.
 
„И тоа е причината поради која ќе останам во Барселона. Сега ќе продолжам тука бидејќи претседателот ми рече дека единствен начин да си заминам е да се платат 700 милиони евра колку што изнесува клаузулата, а тоа е невозможно“.
 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе