Не жали што испратил барање да замине од Барселона

Меси: Не знам каде ќе играм следната сезона, ќе донесам одлука во јуни

Лео Меси вели дека не жали што испратил итен допис и барање да ја напушти Барселона, вели дека истото би го сторил и сега, Аргентинецот исто така додава дека за својата иднина ќе одлучи дури во јуни.

Лео Меси минатото лето направи потрес на Камп Ноу, напаѓачот испрати итен допис, се повика на клаузулата која му овозможува еднострано да го раскине договорот и побара да замине беспари.

Раководството на Барселона одби да го стори тоа, ниту пак сакаше да го продаде за разумна сума. Целата ситуација можеше да заврши на суд, но Аргентинецот не сакаше да го тужи клубот, па прифати да остане и да ја одработи последната година од договорот.

Запрашан од новинарот Жорди Еволе дали повторно би го сторил истото, гледано од денешна перспектива, Лео Меси вели: „Да. Итниот допис беше начин за официјално да кажам дека сакам да си одам. Многу пати му кажав на претседателот дека сакам да си одам, но ништо не се случи. Му го велев ова цела година, еве нека не биде цела година, нo во последните шест месеци во неколку наврати му кажав дака сакам да заминам, а тој не правеше ништо. Па со итниот допис, сакав сето тоа да биде официјално“.

Неговиот потег придонесе за многу коментари, некои и негативни: „Слушав како луѓето велат, „По се што Барселона направи за него, му го спаси животот...“. Видете, јас вечно ќе бидам благодарен за сето тоа. И самиот кажав дека го сакам клубот, го сакам градот и мислам дека многу и дадов на Барселона. Но дојде време кога мислев дека заврши мојот циклус, дека ми треба промена, дека ми треба свеж воздух поради сите проблеми во клубот“.

„Одлуката не беше лесна, ми беше тешко што морав да решам дека заминувам од клубот на мојот живот, дека ќе го променам градот знаејќи дека нема подобар. Моето семејство не сакаше да се сели, децата не сакаа да ја напуштат Барселона, но циклусот беше завршен и ми беше потребна промена“.

Лео Меси веќе од 1. јануари може да потпише пред-договор со друг клуб, но вели дека нема да донесе никаква одлука се до крајот на сезоната.

„Ќе почекам до крајот на сезоната, целиот фокус ќе ми биде на тимот, да се финишира сезоната со титули“.

Запрашан дали со Чави на кормилото ќе остане, тој додава: „Не знам. Нека поминат изборите, не ме интересира кој ќе победи, да ја завршиме сезоната со титула и потоа ќќе видиме во јуни што ќе се случи“.

„Не знам дали ќе заминам или не, но доколку заминам, би сакал тоа да биде на најдобар можен начин. Доколку заминам, би сакал еден ден да се вратам, да работам во клубот, да дадам доприност. Сите на ум треба да имаат дека Барселона е многу поголема од еден играч, па дури и од мене. Се надевам дека следниот претседател ќе заврши добра работа и повторно ќе освојуваме големи трофеи“.

„Секогаш сум велел дека ме привлекува идејата да играм во САД, но денеска не можам да кажам каде ќе играм следната сезона бидејќи и самиот не знам“.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе