Ја искористи оваа прилика уште еднаш да „удри“ по Бартомеу

Меси му кажа збогум на Суарез: Не заслужи да бидеш избркан на ваков начин, но веќе ништо не ме изненадува (ФОТО)

Лео Меси се збогува со Луис Суарез на социјалните мрежи, капитенот на Барселона ја искористи ова прилика за уште еднаш да „удри" по Жозеп Мариа Бартомеу и раководството на клубот.

Луис Суарез си замина од Барселона, напаѓачот синоќа на прес конференција кажа збогум по шест сезони на Камп Ноу. Денеска на социјалните мрежи се огласи Лео Меси за да го поздрави својот соиграч од нападот но и добар пријател надвор од терените.

Аргентинецот ја искористи оваа прилика за уште еднаш да „удри“ по претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и раководството на клубот.

„Во мислите веќе ја имав идејата, но кога денеска влегов во соблекувалната, ме удри реалноста. Колку тешко ќе биде што повеќе нема да ги поминуваме заедно деновите, како на теренот така и надвор од него. Ќе ми недостигаш многу. Поминавме многу години заедно, многу испиени чаеви од мате, многу ручеци, многу вечери... Многу работи кои никогаш нема да ги заборавам. Ќе ми биде чудно да те видам во друг дрес, и уште почудно да играм против тебе. Заслужуваше да заминеш за играчот кој си, еден од најважните фудбалери во историјата на клубот, забележа големи постигнување како индивидуалец но и член на групата. Не заслужи вака да бидеш избркан, но веќе ништо не ме изненадува. Ти посакувам се најдобро во новиот предизвик, те сакам многу. Се гледаме наскоро пријателе“ - гласеше пораката на Лео Меси на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

Ya me venía haciendo la idea pero hoy entré al vestuario y me cayó la ficha de verdad. Que difícil va a ser no seguir compartiendo el día a día con vos, tanto en las canchas como afuera. Los vamos a extrañar muchísimo. Fueron muchos años, muchos mates, comidas, cenas... Muchas cosas que nunca se van a olvidar, todos los días juntos. Va a ser raro verte con otra camiseta y mucho más enfrentarte. Te merecías que te despidan como lo que sos: uno de los jugadores más importantes de la historia del club, consiguiendo cosas importantes tanto en lo grupal como individualmente. Y no que te echen como lo hicieron. Pero la verdad que a esta altura ya no me sorprende nada. Te deseo todo lo mejor en este nuevo desafío. Te quiero mucho, los quiero mucho. Hasta pronto, amigo.

A post shared by Leo Messi (@leomessi) onSep 25, 2020 at 1:59am PDT

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе