Аргентинецот ќе стане најплатен во историјата на МЛС

Меси ќе си ги собере другарите и заедно ќе потпишат за Интер Мајами?!

Тајмс објави дека Лео Меси е на добар пат да стане најплатениот фудбалер во МЛС и да потпише со Интер Мајами, во авантурата во САД можат да му се придружат и добрите пријатели Луис Суарез и Сеск Фабрегас.

Лео Меси ја одбработува последната година од договорот со ПСЖ и се очекува по крајот на мундијалот во Катар да донесе одлука за својата иднина. Се верува дека „светците“ сакаат да го задржат, Барселона исто така крои планови да го врати на Камп Ноу, а Интер Мајами се обидува да им ги помати сметките на европските гиганти.

Како што пренесува Тајмс, Лео Меси е многу блиску до договор со Интер Мајами и ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на МЛС.

Клубот кој е во сопственост на Дејвид Бекам исто така размислува за ангажман на уште неколку звучни имиња, кои добро ќе се вклопат во стилот на игра на Лео Меси. На радарот на Интер Мајами се Луис Суарез и Сеск Фабрегас, кои се добри пријатели на Аргентинецот, тројцата често летуваат заедно со сопругите и децата.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе