Португалецот ќе отпатува во Милано и изборот на најдобрите во Калчото

Меси ќе ја добие „Златната топка“ па Роналдо нема да се појави во Париз, ЦР7 ќе присуствува на Гран Гала де Калчо

Кристијано Роналдо нема да гледа како лутиот ривал Лео Меси ја подигнува шестата „Златна топка", ЦР7 ќе се појави на друг настан во Милано каде ќе треба да биде прогласен за најдобар фудбалер во Калчото за минатата сезона.

Вечерва во Париз се доделува престижната индивидуална награда „Златна топка“, церемонијата ќе започне во 20:30 часот во театарот Шатле, а кремот во фудбалот ќе почне да се појавува на црвениот тепих во 19:30 часот.

Спектаклот ќе биде посиромашен за едно од најголемите имиња во светот, Кристијано Роналдо нема да се појави во престолнината на Франција. ЦР7, кој има пет трофеи „Златна топка“, според последните гласини нема да биде ниту помеѓу тројцата финалисти и ќе треба да гледа како големиот ривал Лео Меси ја подигнува шестата „Златна топка“.

Медиумите од Италија пишуваат дека тој ќе присуствува на друг настан и ќе патува за Милано каде ќе се избираат најдобрите во Калчото за сезоната 2018/19. Се најавува дека Португалецот ќе биде прогласен за најдобар играч во Серија А, а ќе се најде и во идеалниот тим.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе