Рекордно седмо признание за Аргентинецот

Меси ја доби „Златната топка“ па му порача на Левандовски: Минатата година требаше ти да победиш, заслужи

Лео Меси ја доби „Златната топка", Аргентинецот стигна до признанието за најдобар фудбалер во годината пред Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Жоржињо од Челси.

Лео Меси стигна до „Златната топка“ број 7, вечерва Аргентинецот ја доби битката со Роберт Левадовски и Жоржињо.

„Пред две години кажав дека ова се последните години и сега повторно сум тука, неверојатно. Многу сум среќен и возбуден, сакам да се борам за нови предизвици. Не знам уште колку години ми остана, се надевам дека се многу. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите од Барселона и ПСЖ, и особено оние од Аргентина. Чувствував дека нешто ми недостасува со Аргентина, и оваа година конечно успеав да освојам трофеј. Голема заслуга за оваа награда има и успехот на Копа Америка“ – рече Лео Меси, кој потоа испрати порака до Роберт Левандовски.

„Ми беше огромна чест да се борам за Роберт за оваа награда. Минатата година требаше ти да победиш, и мислам дека Франс Фудбал треба да ти го даде трофејот, заслужуваш да го имаш во својот дом“.

Поради пандемијата на ковид-19, Франс Фудбал реши минатата година да не ја додели „Златната топка“.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе