Аргентинецот се закити со уште едно лично признание

Меси ја доби шестата „Златна копачка“, малиот Матео уште еднаш го украде шоуто и покажа дека е палавко (ВИДЕО)

Лео Меси денеска ја доби „Златната копачка" за најдобар стрелец во Европа, на бината се појавија и неговите синови, а малиот Матео уште еднаш покажа дека е палавко.

Аргентинецот минатата сезона играше во страшна голгетерска форма, постигна 36 погодока во првенството на Шпанија и стигна до наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа, негово шесто вакво признание во кариерата.

Напаѓачот на Барселона денеска го доби трофејот на церемонија која ја организираше Марка, а при доделувањето, на бината се качија и неговите синови Тиаго и Матео.

Идејата беше токму тие да му ја предадат „Златната копачка“, но организаторот мораше добро да внимава откако малиот Матео уште еднаш покажа дека е прав палавко и се обиде да ја земе наградата од рацете на својот постар брат и тој да биде главен.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе