Златна копачка

Меси ја доби четвртата „златна копачка“ и се израмни со Роналдо

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси ја доби наградата за најдобар стрелец во европските првенства за сезоната 2016/2017, негова четврта „златна копачка“.

Во изминатата сезона Меси постигна 37 голови во Примера, најмногу во едно домашно европско првенство. Втор беше Баст Дост кој погоди 34 пати за Спортинг во португалската лига, трет беше Обамејанг со 31 гол за Дортмунд.
 
Ова беше четврта „златна копачка“ за Лео Меси кој оваа награда ја освојуваше и во 2010, 2012 и 2013 година.
 
Со ова Аргентинецот се изедначи со Кристијано Роналдо кој ја добиваше „златната копачка“ во 2008, 2011, 2014 и 2015 година.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе