По болната елиминација на „гаучосите“ од Бразил на Копа Америка

Меси имал средба со Нејмар во соблекувалната на Аргентина, на само разговарале неколку минути

Лео Меси и Нејмар имале средба по болната елиминација на Аргентина од Бразил на Копа Америка, напаѓачот на „кариоките" ја посетил соблекувалната на „гаучосите" и неколку минути на само разговарал со својот поранешен соиграч.

И покрај трансферот во ПСЖ, Нејмар остана во контакт со поранешните соиграчи од Камп Ноу, особено со Лео Меси и Луис Суарез. Според пишувањата на Спорт, утрово имало средба помеѓу Нејмар и Лео Меси во Бело Хоризонте.

По меч помеѓу Бразил и Аргентина во полуфиналето на Копа Америка и победата на „кариоките“ од 2-0, Бразилецот ја посетил соблекувалната на Аргентина.

Нејмар го тешел Лео Меси по болниот пораз и двајцата потоа на само разговарале неколку минути.

Со оглед на тоа дека во моментов се актуелни шпекулациите за враќање на Нејмар во Барселона, се претпоставува дека Нејмар и Меси размениле по некој збор и на оваа тема.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе